Селекторот на А-националниот тим на Македонија, Мирсад Јонуз на денешната прес конференција потврди дека нашата експедиција за Австрија ќе патува без нашиот најдобар играч, Горан Пандев кој ќе биде поштеден по напорната сезона во дресот на Интер.  Настапот го откажа и искусниот чувар на мрежата  Јане Николовски.


Доколку биде потребно , Јонуз остави простор дополнително да повика уште еден голман.  Списокот е дополнет со Агим Ибраими и играчот од домашното првенство , Блаже Илијоски од екипата на ФК Металург.