Лекарската комисија во редовите на италијанскиот шампион Интер констатира посериозна повреда кај нашиот репрезентативец Горан Пандев поради која ќе мора да отсуствува од зелениот терен во наредните 20-тина дена.
Пандев по утринскиот преглед за повредата го извести селекторот Мирсад Јонуз со што отпаѓа од комбинација за следните квалификациски дуели со Андора и Русија.
Иако ова е вториот играч по Горан Попов кој поради повреда ги откажа следните квалификациски средби, селекторот Мирсад Јонуз дополнително ќе повика играч, доколку е потребно, по дуелот со Андора.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com