Капитенот на А селекцијата, Горан Пандев, ќе паузира три недели од фудбалот, откако го повредил бутниот мускул.

Деталните прегледи во базата од Џенова покажеле повреда на бутниот мускул од втор степен, која бара мирување од три недели.

Пандев се повреди на дуелот со Торино, во рамките од 22-та рунда во Серија А, кој заврши без победник 0-0.

Македонецот во следниов период ќе ги пропушти мечевите на Џенова против Верона, Интер и дербито со Сампдорија.

OhridNews