По 7 сезони поминати во Италија и одиграни 182 натпревари во најсилното првенство македонскиот интернационалец Горан Пандев стигна до бројката од 50 голови во Серија А.


Пандев во “А“ шампионатот играше во Анкона, Лацио и Интер. За Анкона постигна еден погодок, 48 постигна во дресот на “небесно-сините“, а педесетиот јубилеен, беше неговиот првенец во дресот на Интер.


Пандев в недела ќе истрча на Сан Сиро во градското дерби против Милан.

М.П.