Европското првенство во фудбал ќе се одржи ова лето. Дел од најголемата континентална смотра ќе биде и Македонија. Предводена од Горан Пандев, Македонија, ја победи Грузија во баражот и се избори за својот прв настап на големите натпреварувања.
Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев, е еден од оние играчи, кои ќе ќе играат на ЕУРО 2020, а за националниот тим одиграл повеќе од 100 натпревари.
Во досегашната кариера, Пандев одиграл 114 натпревари за Македонија.
Толку долго е прва ѕвезда на својата земја. Се чини дека кариерата на Пандев достигнува крешендо од бајките, додека на 37-годишна возраст се подготвува за својот прв голем турнир, – пишува на страницата на УЕФА, во текстот, во кој Европската куќа на фудбалот ги претстави фудбалерите кои одиграле најмалку 100 натпревари за своите селекции, а ќе бидат учесници на ЕП.
Лидер на таа листа си 178 настапи шпанскиот капитен Серхио Рамос, втор е Кристијано Роналдо со 170 настапи, трет Лука Модриќ со 133.
Во Топ 10 се Жоао Мутињо (129), Марек Хамшик (126), Себастијан Ларсон (125), Јан Вертонген (123), Серхио Бускетс (120), Иго Љорис (120) и Роберт Левендовски (116).
OhridNews