Hапаѓачот на римски Лацио Горан Пандев, собра најмногу гласови по неколку неделното гласање за изборот на идеалниот тим на интернет-страницата од ФФМ.

Пандев е прв на листата со 97 гласа, втор со 91 е Величе Шумуликоски, додека третото место го завзеде капитенот и рекордер по бројот на настапите во македонската репрезентација Гоце Седлоски, со 89 гласа.

Најдобриот тимот според гласачите што ФФМ го соопшти на официјалното прогласување за најдобрите во годината што измина го сочинуваа: Милошевски (76 гласови), Новески (87), Митрески (80), Седлоски (89), Попов (45), Шумуликоски (91), Гроздановски (86), Тасевски, Пандев (97), Наумоски (71), Мазнов (40).

ohridnews