Три години по ред завршува со двоцифрен број на погодоци во Серија А. Два гола во воведните две кола се бројките кои стојат позади македонскиот фудбалски интернационалец број еден, Горан Пандев. Убиствениот тандем Пандев – Зарате по две кола постигна пет гола и ги одведе небесносините на врвот на Серија А. Првиот вистинскиот тест за можностите на Лацио е вечершаното гостување на Сан Сиро кај Милан.
– “Пораснав“ во Лацио, контиуирано сум во тимот што е мошне битно за еден фудбалер. Сакам да му се заблагодарам на Лацио и Делио Роси кои веруваа во мене, не како Интер кој не ми даде никаква шанса. – вели Пандев во интервјуто за http://www.gazzeta.it/
Вечерва Пандев може да ги израдува не само своите туку и навивачите на Интер доколку, успее да погоди и да го совлдаат лутиот градски ривал на Интер, Милан.
– Пред нешто повеќе од месец дена реков дека не се плашиме од никого, ние сме млада екипа која го знае својот потенцијал. Ни доаѓа гостувањето кај Милан против кој убеден сум дека ќе пружиме добра партија. Традицонално играме добро на Сан Сиро, но никако да стигнеме до бодови, оваа сезона ќе го поправиме тоа.
Благодарение на повредата на Томазо Роки, аргентинецот Зарате доби повеќе простор во тимот. Зарате возврати со три погодоци во првите две кола и моментално е најдобар стрелец во Серија А.
– Одлично се надоплонуваме со аргентинецот. Тој млад и е голем потенцијал за Лацио.
Дербито во Италијанската Серија А Милан – Лацио, се игра вечерва во 20.30 минути (пренос ТВ Телма).
М.П.