Македонскиот репрезентативец во дресот на Наполи, Горан Пандев поради повреда ќе биде  аут две недели.


Пандев на мечот со Џенова беше заменет во првиот дел откако го повреди глуждот. На крајот од натпреварот Наполи со пресврт успеа да ја совлада Џенова (4-2 )и да се приближи до Интер на еден бод.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ќе ги пропушти натпреварите со Милан и Каљари.

Мх.П.