Екипата на Џенова го освои целиот плен на гостувањето кај Сепција, победувајќи со 2-1 во последната рунда за 2020 година во италијанската Серија А.
Тренерската смена и вклучувањето на Горан Пандев во игра од почетокот на натпреварот се покажа добитна комбинација за Џенова. Пандев асистираше до Дестро на кој му остана полесната задача и погоди за егал 1-1. Претходно, домаќините во воведот од мечот го отворија резултатот. Големата победа за Џенова ја осигура капитенот Кришито кој прецизен беше од белата точка.
Фудбалерите на Милан не го испуштаат кормилото во „калчо“ лигата. „Росонерите“ со гол во судиското продолжение обезбедија триумф од 3-2 против Лацио. Херој на „миланезите“ беше Тео Хернандез.
- Резултати:
Верона – Интер 1-2
Милан – Лацио 3-2
Рома – Каљари 3-2
Болоња – Аталанта 2-2
Наполи – Торино 1-1
Сампдорија – Сасуоло 1-3
Специја – Џенова 1-2
Удинезе – Беневенто 0-2
Табела: Милан 34, Интер 33, Рома 27, Сасуоло 26…
OhridNews