Од прогласувањето на пандемијата од корона вирусот SARS COV 2, познат како Ковид 19, бројот на заразени во светот достигна 16,2 милиони, а 640 илјади луѓе починаа.

И натаму на врвот по бројот на заразени и починати се САД, каде до сега се регистрирани 4,3 милиони заболени и 149.398 починати. Следи Бразил со 2,39 милиони заразени и 89.496 починати, пред Индија која има 1,3 заболени и 32.128 починати и Русија со 812.485 заболени, но со значително помал број смртни случаи 13.269, покажува статистиката на специјализираниот сајт Ворлдметар кој од минута во минута ги следи состојбите со корона вирусот во светот.

Корона вирус SARS COV – 2 (Ковид 19)

Пет месеци по регистрацијата на првиот случај, во земјава вирусот Ковид 19 е потврден кај 9934 луѓе, од нив 460 починаа. Од почетокот на епидемијата до 24 јули, во Охрид е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај 404 лица, оздравени се 149, а 7 лица починаа.

Во последните четири дена односот на новозаболени од тестирани лица е под 10%, што според надлежните претставува позитивен тренд имајќи во вид дека ова е еден од важните индикатори за тоа дали ширењето на заразата се намалува, односно колку од тестираните се позитивни.

Г.М.