Николоски Тане и Панделески Цветан, сопствениците на “Лозар – Пелистерка“  се новите кумови на  големата верска манифестација „Богојавление Водици 2010“.

Вака претпладнево одлучи Управниот одбор на Здружението „Богојавление“. Кумството ќе им биде предадено на 17 декември во Црквата Света Софија.

Организаторот на манифестацијата најавува повеќе новини за претстојниот празник, а испратена е  и апликација Водици во Охрид да влезат во Гинисовата книга на рекорди како најмасовен верски обичај на фаќање на чесниот крст.

М.П.