Големата панда од зоолошката градина во Атланта ќе добие инструктор за да го научи кинескиот јазик. Тригодишната женка Меи Лан ќе се врати во својата татковина од САД. Таа од своето раѓање се наоѓа во зоолошката во Атланта. Ќе биде одведена во Кина за да биде во своето природно живеалиште каде ќе придонесе за развивање на својата врста.


Директорот на зоолошката градина во Атланта изјавил дека пандата ќе им недостига на сите нив, кои го прателе нејзиното растење. Директорот на канцеларијата за истражување на големите панди рекол дека бараат волонтери кои би ја научиле пандата кинески. Се договориле дека пандата ќе биде одведена во кина кога ќе наполни две години.