Сопственикот на пет шоп Хсин Чен тешко држи чекор со побарувачката на Чоу чоу кучињата обоени да изгледаат како панда. Тој раскажал дека некогаш француските булдози и лабрадорите биле фаворити, но сега тоа било кучето панда. Неговата продавница е сместена на југозападот на Кина. Тврди дека техниката со која ги бои не е штетна за кучињата. Цената по третмано значително расте поради трудот кој е вложен во неговото дотерување. На луѓето не им смета плаќањето на повисока сума бидејќи можат да се пофалат дека имаат куче панда.

 

Чен вели дека до идејата дошол сам. Ја усовршил техниката и сега својот бизнис го ширел низ земјата. Со маку внимателна нега и боење кучето може да се претвори во панда куче за два часа. Изгледот трае околу шест седмици, по што сопствениците ги носат на обнова. Не е познато која техника ја користи Чен. Приказната во јавност излегла откако се појавиле вести за кучиња кои изгледаат како природни панди.