Ако му треба помош во нападот, знае каде да ја побара. Поранешниот соиграч на новиот тренер на Ц.Звезда, Дарко Панчев смета дека ““црвено-белите“ направиле вистински потег доведувајќи го на клупата Роберт Просинечки.
– Жути (Просинечки) остави силен печат во периодот кога го носеше дресот на Црвена Звезда, и од се срце му честитам. Тој навистина е тренерски млад, но како фудбалер беше вистинки виртуоз. Досега работеше како помошник во хрватската репрезентација и воопшто не се сомневам дека ќе заврши добра работа на Маракана. Единствено неопходно ќе му биде трпението од страна на навивачите, како и од УО во засилувањата за тимот – вели Дарко Панчев во интервјуто за српскиот Блиц.
Што очекувате дека Просинечки ќе смени во најтрофејниот српски клуб?
– Ништо нема да може да смени преку ноќ, но ако оваа зима и на лето се донесат неколку квалитетни засилувања сигурен сум дека работите ќе тргнат на подобро. Не велам дека моменталниот состав нема квалитет, но кога пет шест години, немате успех мора нешто да менувате .
Новиот тренер го очекува тешка работа, Партизан по првата етапа има пет бода предност?
– Не треба да се гледа на кратки патеки. Нормално дека е значајна и титулата, но најбитно е да се направи квалитетен состав. Прочитав дека Роби ќе тежнее да и ја врати на Звезда играта кога победувавме. Едноставна игра со многу додавања. Мислам дека тоа е клучот на враќањето на Звезда на местото кое припаѓа, а ако некој е способен да ги научи фудбалерите на тоа, тоа е сигурно Просинечки, чии долги топки и осет за проигрување беа едноставно феноменални.
Панчев вели дека милина било играњето со Роберт Просинечки. – Роби е мој пријател, и одлично се сложувавме на теренот и вон него. Тој го имаше тоа чувство кога треба да се проигра , а таквите додавања беа половина гол. Навистина некогаш знаеше да не дави и да ја задржува топката, но на таков играч неможеш ништо да му замериш – завршува Панчев.
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, МК Велгошти на ВМРО-ДПМНЕ организира фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Натпреварот започнува во 11:00 часот во пон...
Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид „Гладијаторите“ се надеваат на позитивен резултат и ветуваат дека ќе го дад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.