Прв и тоа два пати кој ја начна грчката мрежа сред Атина, беше незаменливиот фудбалер на Црвена Ѕвезда, Дарко Панчев. По многуте опструкции направени од грчките власти поради потеклото на Дарко Панчев, тој им возврати со два прекрасни погодоци.
По стапките на Панчев продолжи уште еден македонски велемајстор на фудбалската игра, Горан Пандев. На дуелот со Панатинаикос, но во дресот на Лацио во Купот на Уефа, ги постигна двата погодоци во победата на “лацијалите“ од 2-1.
Трет се надеваме и не последен фудбалер кој успеал да ги матира грците е Агим Ибраими на вчерашниот натпреварот помеѓу Марибор и Панатинаикос. За разлика од Панчев и Пандев тој постигна еден погодок, но сепак неговата екипа на крајот се радуваше на триумф.
Кружниот систем во групите од Лигата на Европа, на стандардниот македонски репрезентативец Ибраими ќе му даде уште една шанса да ги достигне постигнувањата на Панчев и Пандев на реванш мечот кој ќе се одигра на теренот од “детелините“.