Некогашната златна копачка Дарко Панчев и член на најдобрата генерација на играчи на белградска Црвена Ѕвезда која стана европски и светски првак, поранешен фудбалер на Интер, за „Кориере дело Спорт“ вели дека Пандев е одлична ивестиција за “неро-аѕурите“.

– Интер со ова направи одлична работа. Голема и тоа работа што Масимо Морати реши да го ангажира Пандев – смета Панчев.

Сега Интер со право може да смета на освојување на Лигата на Шампионите по 45 години. Пандев е роден победник и има ментална снага да го покаже најдоброто од себе и во така голем клуб. Игра долго во Италија и мислам дека знае што го чека. Не може ништо да го изненади и ќе биде големо засилување, завршува популаранта “кобра“

Ohridnews