Трансферот на македонската фудбалска лигенда Дарко Панчев од Црвена Ѕвезда во Интер реномираниот интернет стај „Goal.com“ го прогласи за најлош трансфер на „нероазурите“ во последните 20 години.
По освојувањето на Лигата на шампиони во Бари и златната копачка Панчев беше мета на неколку европски клубови, но тој премина во Интер и погреши.
Тимот од Џузепе Меаца за услугите на Панчев во 1992 година плати вкупно 8,8 милиони евра, а постигна само три погодоци во 19 натпревари.
Покрај Панчев на „црната“ трансфер листа се наоѓаат уште Себастијан Рамберт, Џилберто, Григорс Георгатос, Хавиер Фаринос, Вратислав Грешко, Хакан Шукур, Роби Кин, Вампета, Гонзало Сорондо, Енди ван дер Мејде, Џереми Бреше, Фабиан Карини, Нелсон Ривас, Кварезма, Марко Арнаутовиќ, Диего Форлан, Мауро Зарате, Алваро Переира, Ишак Белфодил.
Мх.П.