Панчев: “Мали се шансите Македонија да се квалификува на СП“
10.04.12 09:54
Дарко Панчев не верува дека репрезентацијата на Македонија, во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство има некои посериозни шанси да се вмеша во борбата за првите две места на табелата.
Панчев во интервју за порталот „Спортал.рс“, ја искоментира квалификациската група во која покрај Македонија се наоѓаат Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс.
„За жал, Македонија, објективно нема големи шанси да се пласира на СП. Тоа е нашата реалност, но не значи дека Македонија не може некого да изненади. Според мене три репрезентации ќе се борат за пат во Бразил. Тоа се Србија, Хрватска и Белгија. Ќе навивам редоследот да биде ваков“, вели Панчев, дополнувајќи дека предноста на Хрватска во однос на Србија е таа што Хрватите во последните 14 години пропуштиле само едно големо натпреварувње.
Во интервјуто популарниот „Кобра“ се осврна и на случувањата во Црвена звезда, вели дека поставувањето за тренер на неговиот поранешен соиграч, од „златната генерација“ на Црвена звезда, Роберт Просинечки, е најдобриот потег кој го направил претседателот Владан Лукиќ.
„Му го кажав тоа на Лукиќ, сега треба уште да му донесе добри фудбалери. Што работи тој „Гаспром“, нека испушти од некоја славина милиони за да биде Звезда повторно голема. Гледам дека донеле добри млади фудбалери, треба само малку трпение, ќе биде тоа добар тим.“
Панчев направи споредба помеѓу националните шампионати на Србија и Македонија и според него српската лига е посилна од Македонската.
„Па вашата лига е многу посилна од македонското првенство, има тука сериозни клубови, не се интересни само Звезда и Партизан. Верувам дека „црно-белите“ ќе ја одбранат титулата, бидејќи бодовната разлика е голема, а што се однесува до мојата Звезда, убеден сум дека ќе го освои трофејот во купот.“
На крајот, играчот кој со своите голови се прослави во Вардар и Црвена звезда, изрази надеж дека неговиот поранеше соиграч, Синиша Михајловиќ, ќе направи голема тренерска кариера и откри дека најголемата грешка ја направил кога потпишал за Интер, а ги одбил Реал, Барселона и Манчестер.
Дарко Панчев , покрај Јосип Скоблар е единствениот фудбалер од просторите на поранешна Југославија, кој успеал да ја освои „златната копачка“ како најдобра стрелец во Европа.
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Бојан Затуроски доби повик за репрезентацијата на Македонија до 19 години, информираат од ГФК Охрид Лихнидос После одличните настапи во пролетниот дел од сезоната Бојан Затуроски заслужено доби пов...
Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе остануваат верни на ГРК Охрид Ојлески и Ѓорѓески ги продолжија договорите со Охрид до 2027 година, а Костов, Кукуловс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.