Секое интервју е посебно со Дарко Панчев. Златната копачка од 1991 година секогаш има нешто да каже и да ја изненади или разбранува јавноста. Овој пат, македонската фудбалска ѕвезда во интервју за „Goal.com“, ја откри својата најголема грешка од играчката кариера и ги спореди, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои одбележаа повеќе од една деценија од светскиот фудбал.
Мојата најголема грешка беше преселбата во Интер. Отидов во тим со многу лоша атмосфера, кој игра дефанзивен фудбал. Како странски фудбалер, не бев поддржан и сите ме гледаа поинаку, па имав проблем да се прилагодам. Грешката е само моја затоа што можев да бирам помеѓу Реал, Барселона, Манчестер Јунајтед и други врвни екипи кои во тоа време ме бараа. – изјави Панчев.
Поранешниот голгетер на Црвена Ѕвезда ги спореди Роналдо и Меси и сегашниот фудбал со фудбалот кој се играше во неговото време.
Роналдо е подобар стрелец од Меси. Но Аргентинецот е многу покреативен и има повеќе осет за игра. Мислам дека стилот на игра се промени од времето кога играв јас. После 2005 година, фудбалерите се многу заштитени. Дел од судиите, дел од начинот на игра во одбрана. – рече Панчев.
OhridNews