Турскиот кошаркарски репрезентативец Џеди Осман, кој е роден во Охрид, следната сезона ја напушти НБА лигата и ќе го носи дресот на грчки Панатинаикос.

Ова денеска го потврди сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос преку објава на својот личен профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Осман (29) е слободен играч откако минатата сезона ја мина во Сан Антонио, а неодамна се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.

Пред да замине во НБА во тимот на Кливленд во 2017 година, Осман одигра 98 натпревари во Евролигата со Анадолу Ефес, а сега договорот со грчкиот гигант и актуелен шампион на Евролигата ќе го врати на Стариот континент.

OhridNews