Минувачите на Поштенскиот плоштад во Бризбеин останале збунети посматрајќи три интелегентни гулаби кои пиеле вода од чешмата. Кога луѓето се разотишле едниот гулаб скокнал на рачката за пуштање вода, вториот чувал стража а третиот пиел вода и се разладувал со млазот.


Подоцна ги замениле позициите и десетина минути уживале во ладната вода. Иако гулабите се едни од поинтелегентните видови птици, во австралиските градови не се многу популарни, па граѓаните често знаат да ги наречат летечки стаорци.