Во трговските центри наскоро ќе се појави првата интелегнтна количка за купување. Прозиводот со име ‘Shop&Touch’ се состои од апарат осетлив на допир, кој служи за комуникација со корисникот, и баркод читач за едноставно вчитување на инфорамциите за производот. ‘Shop&Touch’ се поставува на обичните колички во трговските центри и е лесен за користење.
Така купувачот на екранот може да ги види моменталните понуди кои се на акција, да ја пронајде локацијата на секој производ, да ја провери цената на производите уште многу друго. Два познати супермаркети од Германија и Велика Британија веќе ја препознале предноста на овие колички, па ќе ги постават во своите центри.