Иако минаа години од нејзината незаборавна улога во серијата „Чувари на плажата“, Памела покажа зошто и со 46 години е секс симбол во костум за капење. На јахта на која била со својот сопруг го привлекувала вниманието како на папараците, така и на минувачите во Сен Тропе. Актерката со сопругот Рик Саломон уживала сончајќи се на јахта.
Работејќи на својот бронзен тен, таа се мазела со сопругот и уживала лежејќи на палубата. Се разбира, се погрижила очите да ги прикрие со шик очила за сонце. Нешто подоцна, со својот сопруг отишла на ручек и на пијалок во едно кафуле на брегот. Со голем шешир речиси го прекрила своето лице, но затоа покажала дека сеуште е згодна како и пред десетина и повеќе години.