Русокосата секс бомба Памела Андерсон покажа дека и на 48 години има тело кое го посакуваат мажите, подеднакво згодно како и во деведесетите години кога во црвен едноделен костум беше „чуварка на плажата“. Канадската актерка, мајка на тинејџерите Брендон и Дилан, се соблече за новиот број на списанието “Flaunt”.
На некои од фотографиите на Дејвид Лашапел Памела носи само жолти чизми со платформа, додека кожата и е прекриена со светки, а една фотографија ја прикажува во корсет која едвај може да и ги задржи градите. Инаку, Памела е една од првите ѕвезди кои влезе во Гинисовата книга на рекорди порадни најмногу симнувања од интернет, благодарение на домашното порно видео со поранешниот сопруг Томи Ли, тапанарот на групата „Мотли Кру“, кој наводно бил украден од нивниот дом.