Памела Андерсон наскоро би можела да се појави во американското издание на реалното шоу „Големиот брат“. Американскиот телевизиски канал “Channel 5” преговара со американската актерка, која би требало да учествува во новата сезона на шоуто, кое ќе биде во издание за познати личности.
Извор близок на актерката изјавил дека ова е вистинско време таа да се појави на телевизијиа. Според него, таа ќе биде вистински десерт во шоуто. Памела Андерсон досега има учествувано во индиската и австралиската верзија на популарното реално шоу.