Актерката Памела Андерсон ги шокирала гостите на претставувањето на својата фондација во Кан. Ѕвездата открила дека нејзиното прво сексуално искуство било силување. Пред 200 гости кои присуствувале на претставувањето на Фондацијата Памела Андерсон раскажала дека отишла кај своето момче, а неговиот постар брат сакал да ја научи да игра табла. Тоа водело кон масажа, а завршило со силување. Тој имал 25 а таа 12 години.
Актерката раскажала и дека била на чекор од самоубиство кога момчето во средно училиште ја силувало со шест пријатели. Рекла како нејзиното момче мислело дека би било интересно да ја силува со шест пријатели. Не сакала да живее, сакала да исчезне од лицето на земјата. Памела додала и дека била малтретирана од својата дадилка. Немала лесно детство. Иако родителите ја обожавале, дадилката ја малтретирала кога имала шест години.