Актерката Памела Андерсон, која во серијата „Чуварите на плажата“ го играше ликот на Си Џеј Паркер, и се придружи на екипата која ја снима филмската верзија на популарната телевизиска серија. Она што е сигурно е дека Памела во филмот нема да го толкува ликот кој ја прослави, но извесно е дека продуцентите за Андерсон спремија сосема нова посебна улога.
Веста дека славната актерка се придружи на екипата, на Иснтаграм ја објави Двејн Џонсон, тој ја толкува една од главните улоги во филмот. „Задоволство ми е да и посакам добредојде на Памела Андерсон во нашата “Baywatch” екипа. Не би можеле да го снимиме овој филм без тебе. Добредојде дома. Воодушевен сум што сјајно си помина со нас“, напиша актерот на кој во филмот му е доверена улогата на Мич Бјкенон. Памела изјави дека тој период во животот и бил еден од најдрагите. И плаќале добро за да се забавува и да трчка по плажата.