Калифорнисакта даночна канцеларија минатиот месец на актерката, која моментално се наоѓа во Ливерпул, и доставила сметка за неплатен данок на недвижности и заработувачка. Памела Андерсон, која должи околу 200 илјади долари, сеуште не сака да признае дека има проблеми со парите. На почетокот на годинава даночните службеници објавиле дека должи повеќе од половина милион долари. Поради тоа се нашла на црната листа заедно уште 250 лица кои не платиле данок.
Во службените документи тогаш пишувало дека против неа е покрената тужба. Таа рекла дека можеби погрешила во пресметките, но дека плаќањето на данокот и е на прво место. Иако платила дел од долгот, Памела е во криза од 2007 година. Лани градежниците кои и ја реновирале куќата во Малибу ја обвиниле дека не им платила околу еден милион долари.