Памела Андерсон по 13 пат ќе се појави на насловната страница на „Плејбој“. Девојката позната по своите облини за прв пат се појавила на насловната далечната 1989 година. Таа ќе позира во базенот во вилата на основачот на списанието, Хју Хефнер.


Поранешната звезда на „Чуварите на плажата“ целокупниот износ кој ќе го добие планира да го донира за хуманитарни цели. Пред извесно време таа во Лондон претставила еден постер кој го снимила за здружението за заштита на животните ПЕТА. Позирала во бикини, а цел на акцијата била да се поттикнат луѓето на вегетаријанство.