Памела Андерсон наводно би можела да глуми инструкторка во новата серија која ќе се снима во Црна Гора. По регионалниот успех на серијата „Долина на сонцето“ хрватската продуцентска куќа Ринг Мултимедиа заедно со РТВ Атлас и општината Будва планираат да снима уште една серија. Памела би требало да глуми инструкторка која на плажата во Будва ќе ги обучува спасителите.


Преговорите биле во тек, но сеуште било рано да се потврди учеството на Памела во серијата. Серијата наскоро ќе започне со снимање, и проектот ќе биде понуден за копродукциско учество на медиумите и водечките тв куќи од целиот регион.