Британскиот онлајн бутик „Missguided“ не размислуваше многу кога требаше да избере лице за својата најнова кампања, бидејќи кој би можел подобро да ги долови деведесеттите и да ги претстави едноделните костуми за капење од Памела Андерсон, која во својот познат црвен костум обележа цел еден период глумејќи чувар на плажата во истоимената култна серија. Убавицата која има 48 години и ден денес изгледа неверојатно добро, па не и беше проблем да се облече во деколтирани костуми и фустани од новата колекција на овој популарен британски онлајн бутик.

 

Натапирана руса коса, вештачки трепки и претерана шминка на очите, Памела се врати на својот препознатлив стил и заблеска на атрактивните, разиграни фотографии кои ја прикажуваат летната колекција. Од бутикот изјавија дека Памела е нивна инспирација и соединува ставот на брендот. Препознатлива е за публиката која порасна во деведесеттите години. Сакаа да ги поттикнат луѓето да зборуваат за брендот и ова навистина е смел чекор за нив.