Памела Андерсон го тужела поранешното момче Лоренс Халиер за еден  милион долари поради непочитување на договорот кој го направиле. Како што пишувало во судските документи, богатиот трговец со недвижности, и ветил апартман во еден стамбен комплекс во Лас Вегас во кој самиот инвестирал. Според договорот, Памела за возврат требало да биде промотивно лице во промоцијата на луксузните станови “Panorama Towers”, а во случај нешто да не оди според планот би добила милион долари.


Бидејќи проектот не бил никогаш реализиран, актерката решила да го тужи поранешното момче, кое не и ги исплатило парите кои и биле ветени според договорот. Таа била во врска со богатиот трговец на недвижности од 2006 до 2010 година, кога конечно раскинале по повеќе несогласувања. Бидејќи е познато дека Памела веќе подолго време има финансиски проблеми, многумина мислат дека пронашла идеално решение како барем на кратко да се извлече од кризата.