Памела Андерсон му испратила писмо на Владимир Путин во кое побарала како што го забранил убивањето на фоките во Русија, да го забрани и увозот на нивното крзно од нејзината родна Канада. Во Канада ги убиле речиси сите младенчиња на фоките стари до три месеци токму поради извозот на нивното крзно.


Потсетила дека извозот на крзното од фоките е забранет во земјите на ЕУ, САД и Мексико. Русија е најголемиот увозник на крзно од канадските фоки. Портпаролот на Путин изјавил дека тој е многу осетлив по оваа тема и е многу голем љубител на животните.