Справувањето со проблемите нотирани во Извештајот на реактивната мисија на УНЕСКО, кои се закануваат Охридскиот регион да го стават на листа на загрозени подрачја, започна со отстранување на палмите кои пред неколку години беа засадени во рамки на акцијата „Ден на дрвото“. Се работи за неавтохтони видови, што беше посочено од УНЕСКО. Тие ќе бидат заменети со соодветни, информира градоначалникот на Охрид Георгиески.
Дадов налог да се отстранат сите палми, a на нивно место ќе бидат засадени садниците предвидени за улицата „Јане Сандански“. Со оглед дека реконструкцијата на оваа улица ќе биде последа бидејќу таму се предвидени градби кои не задираат во проблемот со УНЕСКО, нема да се реконструира дрворедот таму сега, туку по завршување на сите инфраструктурни интервенции за да нема крпеници. Дрвата предвидени за таму ќе бидат засадени на место на палмите. – изјави градоначалникот Георгиески.
Палмите во Охрид беа скапо платени, а дел од нив чинеа и по 500 евра.
OhridNews