Врз основа на декретот донесен од палестинскиот претседател Махмуд Абас, Палестина денеска и официјално го промени своето име во држава Палестина. Променаата на името од Палестинска управа во држава е резултат на неодамнешното унапредување на палестинскиот статус во ООН, пренесуваат израелските медиуми.

На 29-ти ноември, Генераленото собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата, со која Палестина доби статус на држава нечленка набљудувач. Веднаш после тоа, палестинските власти почнаа да се декларираат како претставници на сопствената држава.

Инаку, Палестинската управа е формирана во 94-та година, како дел од привремената спогодба за прекин на вооружениот конфликт меѓу Израел и Палестинската ослободителна организација, потпишана во САД во 93-тата.

OhridNews