Палестинките од Западниот Брег го направиле најголемиот фустан на светот со желба ја ги промовираат традиционалните палестински ракотворби. Фустанот со должина 32,6 и ширина 18,1 метри го изработиле околу 150 жени на кои им биле потребни околу четири месеци напорна работа.
Организацијата изразила надеж дека фустанот ќе успее да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Палестинките од Западниот Брег од неодамна масовно се занимаваат со ткаење за да ги издржуваат своите семејства.