преседателот на Палермо, Маурицио Ѕампарини го отпушит тренерот Валтер Зенга. Палермо по 13 кола се наоѓа на 12 место со 17 поени. Одлучувачко во одлуката на Ѕампарини беше вчерашното реми во дербито на Сицилија против Катанија.


Фаворите за наследник на поранешниот голман на Интер и италијанската репрезентација Валтер Зенга, се Марио Берета, Даниеле Аригони, Делио Роси и Алберто Закерони.

Валтер Зенга е седмиот тренер кој остнува без работа по само 13 одиграни кола во Серија А. Претходно работата ја загубија Марко Џампаоло (Сиена), Џузепе Пападополу (Болоња), Џенаро Рутоло (Ливорно), Лучано Спалети (Рома), Анџело Грегучи (Аталанта) и Роберто Донадони (Наполи).
 

ohridnews