Палатата Кесингтон во Лондон, некогашната резиденција на принцезата Дајана, ќе биде повторно отворена за јавноста во понеделник, на 26 март, по опсежната реставрација вредна 12 милиони фунти. По тој повод во палатата ќе биде приредена изложба на најубавите фустани на Лејди Дим несудената британска кралица.
Организаторите на изложбата најавиле дека меѓу фустаните на Дајана кои ќе се најдат на изложбата во палатата ќе биде и фустанот од црн тафт, кој принцезата го носела кога имала само 19 години, на своето прво јавно појавување со принцот Чарлс.