Во супермаркетите во Турција можат да се купат пакувања од половина тон тестенини, а со оглед на тежината, куќната достава била вклучена во цената. Италијанската компанија „Барила“, која е еден од најголемите производители на сите видови тестенини во светот и турскиот ланец супермаркети „Мигрос тикарет“ се здружиле као на турскиот пазар би продавале големо пакување макарони по цена од 560 долари за добротворни цели.

Како што било соопштено од „Барила“, пакувањето било со висина од 1,5 метри и ширина од еден метар, и тоа била наjголемата кутија тестенини која досега била произведена. Така влегла во Гинисовата книга на рекорди, а приходите од продажбата ќе бидат наменети за организацијата UNICEF. Во Турција, инаку, годишно се јадат 450 илјади тони тестенини.