Стратегот на Леванте Пако Лопез утрово доби отказ после катастрофалниот стат на сезоната во Ла Лига.
Пако Лопез е разрешен од функцијата главен тренер на Леванте, објавено е на официјалната веб-страница на клубот. Одлуката е поврзана со неуспешниот старт на тимот во тековната сезона. Леванте освои четири бода на осум натпревари и е 18-ти во Ла Лига.
Педесет и четиригодишниот Лопез го предводеше тимот за кој настапува Енис Барди, од 2018 година. Тој има 147 натпревари со Леванте и најдобар резултат во историјата на клубот пласирајќи се во полуфиналето на Купот на Шпанија.
OhridNews