Селекцијата на Бразил е првиот финалист на Копа Америка. „Кариоките“ во полуфиналето ја совладаа репрезентацијата на Перу со минимални 1-0, полувреме (1-0).

Таличен за бразилците, кои играат на домашен терен беше Лукас Пакета, кој го постигна единствениот погодок на натпреварот. Фудбалерот на Лион прецизно во мрежата на Перу стрелаше во 35-та минута од натпреварот.

Ривал на Бразил кој е актуелен првак ќе биде победникот од Аргентина – Колумбија, кои ќе ги одмерат силите во втората полуфинална пресметка.

Финалниот натпревар се игра на 10 јули на „Маракана“ стадион во Рио де Жанеиро.

OhridNews