Научниците откриле дека пајаковата мрежа може сама да се опушта или да станува поцврста, зависно од товарот кој мора да го поднесе. Иако можеби делува тенко, и лесно може да се уништи, отпорноста на пајаковата мрежа на урагани и напади од грабливци во последно време се повеќе го привлекува вниманието на научниците.


Вработените во институтот во Масачусетс тврдат дека дизајнот на пајаковата мрежа би можел да биде инспирација за изградба на посигурни згради и производство на поквалитетни материјали. Авторот на истражувањето, Маркус Буелер, смета дека вистинската сила на мрежата не е во нејзините влакна, туку во промената на нејзините механички својства, што би можело да се искористи во најразлични области.