Вообичаен случај во светот на инсектите е женката пајак да го изеде мажјакот по оплодувањето и до сега немало спротивни случаи. Меѓутоа, научниците сега откриле нова врста пајак волчјак, кој им пркоси на досегашните сознанија. Биолозите од Уругвај откриле дека мажјакот на пајакот волчјак ги јаде постарите женки, што е прв ваков забелжан случај, бидејќи воглавно женките се тие кои се фатални за своите краткорочни партнери.
Објаснувањето кое го понудиле биолозите за ваквата појава е дека мажјаците на оваа врста пајаци се необично доминантни. Она што е исто така интересно е дека ги јадат само оние женки кои повеќе пати положиле јајца, а ги оплодуваат само оние кои во таа смисла се „невини“. Биолозите велат дека причината за оваа селекција е тоа што младите женки можат да снесат повеќе јајца и да обезбедат побројно потомство.