Специјалното возило Пајак, деновиве имаше полни раце работа. Поради
првомајските празници и Самитот на претседатели пајакот беше ангажиран
речиси дењоноќно.

Се
подигаа возилата од тротоарите на улиците по кои поминуваа делегациите,
а како по обичај најмногу работа имаше во центарот на градот.
Недостигот на паркинг простор или игнорирањето на сообраќајните знаци
многумина скапо го платија. Нјмногу возила беа подигнати од забранетата
зона на ул„Димитар Влахов“ каде пајакот буквално не можеше да постигне.

Ohridnews.com