Научниците сеуште се обидуваат да ја откријат тајната за пајакот кој живее во тропските шуми на Хаваи, чии шари фасцинантно оцртуваат насмеано лице. Сепак неговата насмевка не му помогнала против природните непријатели и сега му прети истребување. Постојат различни теории зошто пајакот развил такви црти на телото. Една од нив е и да ги збуни грабливците.


Во меѓувреме пајакот станал маскота на островот и може да се најде на капчиња, маици и слично, а тамошните мештани го користат во кампањи за заштита на природните видови.