Една врста пајаци кои го сакаат мирисот на бензинот толку многу што плетат мрежи во издувните системи на автомобилите, биле причина што од продажба биле повлечени илјадници автомобили од марката Мазда во САД. Водечките лица на корпорацијата „Мазда Мотор“ изјавиле дека повлекуваат 52 илјади автомобили.


Тоа следувало по предупредувањето на националната комисија за безбедност на патиштата, во кое пишувало дека пајаковата мрежа може да го смали отворот за испуштање на гасови, што може да доведе до зголемување на притисокот во резерварот за гориво. Станува збор за моделите „Мазда 6“, во кои се вовлекол пајакот “cheiracantihium”, привлечен од мирисот на бензинот. Оваа врста пајаци е многу честа во САД.