На фотографијата се гледа дека пајакот ги намотал своите црни нозе околу телото на мртвата прица обесена во неговата мрежа. Фотографиите се направени во Австралија, а и покрај неверојатните настани на нив изгледа дека не се монтажа. Џоел Шекспир, експерт за пајаци во австралискиот парк за ретки животни вели дека станува збор за пајак од видот Златен прстенест ткач, кој се храни со големи инсекти.
Тој рекол дека видел пајаци од овој вид со големина на човечка дланка, но истакнал дека во тропските предели можат да израснат и повеќе. Тој објаснил дека птицата влетала во пајаковата мрежа и се заплеткала. Пајакот ќе го искористи својот отров за да ја совлада и изеде птицата. Вакви случаи биле познати и претходно, но биле многу ретки.