Според нив, пајакот ги крева посочените возила од страна на сопственикот на вилата, без разлика дали тие се точно или паркирани на несоодветно место. Тврдат дека тоа се случува дури и во вечерни часови во денови од викенд.
Од ЈП Комуналец, во чии рамки функционира пајак службата, велат дека тие интервенираат и ги подигаат погрешно паркираните возила единствено по налог од сообраќајната полиција, а не поради интервенција од одредени граѓани.