Кога дента седнала да го вози својот автомобил, една млада Германка од местото Вормс не можела ни да претпостави какво изненадување ја чека.

После кратко возење во ретровизорот здогледала дожд од банкноти кои летале и паѓале насекаде. Застанала и почнала да збира од парите. Сфаќајки дека нема да може сите да ги собере се упатила во полицијата и го пријавила случајот и количината пари која ја собрала.

Кога заедно со полицијата се вратила на лице место немало ни една единствена пара. Полицијата не го соопштила износот кој жената го пријавила, ниту нешто околу потеклото на парите, пренесува Ројтерс.

С.К.