Кога не дува силен веттер тука е човекот. Не знаеш кој е пострашен. Првото ќе речеш природа, за ова второто тешко дека може да се извлече разумна дефиниција. Не е прв пат да забележуваме ваква слика на охридските улици. Улични патокази срушени на земја, исшкртани знаци. „Ремек делово“ е евидентирано на ул. „Стив Наумов“. Причините непознати, последиците очигледни. Кому ли му сметаат уличните патокази и што тоа ги исполнува тие што ги уништуваат? Веројатно и тие немаат одговор…


Грда слика на охридските улици

Мирко Постолоски